Холивудската актерка Рис Витерспун, која е во петтата деценија од животот, се храни здраво , вешта е во кујна и редовно споделува видеа од храната што ја приготвува.
Овој пат актерката подели видеорецепт за супа од леќа за во зима.
Леќата е мешунка богата со хранливи материи, која содржи растителни влакна и јаглехидрати кои даваат долготрајно чувство на ситост. Богата е со минерали и витамини.
Не содржи холестерол, има многу малку маснотии и многу растворливи и нерастворливи влакна кои помагаат во регулирање на шеќерот во крвта, го намалуваат холестеролот, а исто така е добра за варење.
На видеото, Рис го објасни целиот процес на подготовка:
Состојки:
- Неколку помали моркови
- сецкан црвен кромид
- малку лук
- зелена леќа
- целер
- супа од зеленчук
- пире од домати
- малку мелен црвен пипер
- зачини по желба (ким, коријандер)
Подготовка:
Морковот, кромидот, лукот и целерот се сечкаат и се оставаат да омекнат.
Зелената леќа се плакне добро и се става во тенџере.
Потоа, се додава малку супа, пасирани домати, црвени пиперки и зачини по желба. Откако ќе се свари се трга од оган.
По желба се додаваат сушени месни производи, или малку колбаси како актерката.
View this post on Instagram