Првиот човек на ОИ во Токио си поднесе оставка откако изјавил дека жените премногу зборуваат

По притисокот од јавноста, шефот на Организацискиот комитет на Летните олимписки игри во Токио, Јоширо Мори, беше принуден да си поднесе оставка.

Револтот во јавноста настана откако тој јавно изјавил дека жените премногу зборуваат и дека состаноците на управните одбори во кои има многу жени би траеле премногу.

Мори потоа се извини за неговите недолични изјави, но револтот кај јавноста остана, па тој беше принуден да се повлече.

„Она што е важно е да ги одржиме Олимписките игри во јули. Моето присуство не смее да биде пречка за тоа“, изјави 83-годишниот Мори.

Управниот одбор на Јапонскиот олимписки комитет брои 24 членови, од кои само пет се жени, иако во 2019 си постави за цел тие да бидат барем 40%.

„Ако го зголемиме бројот на женски членови, ќе мора да се осигураме нивното зборување да биде ограничено зашто тие тешко завршуваат разговор, што е досадно“, кажал Мори на еден состанок.

Scroll to Top