Шри Ланка побара од американската компанија „Амазон“ да ги отстрани дводелните костими за капење од нејзината понуда за продажба.Тие бараат да престанат да се продаваат и душеците во облик и со слика на лавот од националното знаме на земјата.
Како што објавија тамошните власти, земјата испратила протестна нота пред два дена поради појавата на такви производи во Кина. Амбасадата на Шри Ланка во Кина побарала сите производи со „злоупотреба на знамето“ да бидат повлечени. Шри Ланка е чувствителна на сѐ што смета дека е несоодветно искористено, како што се знамињата и будистичките симболи.
Два дена по интервенцијата на Шри Ланка, трговците сè уште нудат на продажба предмети инспирирани од нејзиното знаме. Некои кинески трговци на „Амазон“ нудат душеци по цена од 10 до 24 долари, а бикините чинат меѓу 9 и 17,30 долари.
„Ако не успееме во ова, тие најверојатно ќе го испечатат нашето знаме и на тоалетна хартија“, напишал граѓанин на Шри Ланка на интернет.
Амбасадата на Шри Ланка во САД исто така соопшти дека реагирала и поднела тужба до американските власти за „повреда на интелектуалната сопственост на Шри Ланка“.