Финците веќе четврта година по ред, се прогласени за луѓе кои живеат во најсреќната држава на светот. Според Светскиот индекс на среќата, кој го подготвуваат од Обединетите нации, Македонија на оваа листа се наоѓаат на 94. место.
За разлика од претходните осум години, кога во предвид се земаа традиционалните параметри, како што е брутодомашниот производ, животниот век, слободата и корупцијата, сега во новиот извештај се пресметани и начинот на кој земјите се справуваат со пандемијата со коронавирусот.
На врвот, во првите десет покрај Финска, се најдоа и другите скандинавски држави, меѓу кои и Данска, потоа следеа Швајцарија, Исланд и Холандија. Македонија се најде на скромното 94. место на листата која опфаќа 150 земји.
Финска отсекогаш котирала високо кога станува збор за заемната доверба, велат истражувачите и објаснуваат дека таа земја се смета за еден од главните фактори кои помагаат да се заштитат животите и егзистенцијата во времето на пандемија.
„Финците секогаш настојуваат да ја усогласат својата политика со општата благосостојба“, се вели во извештајот.