„Ќе го преживееме и ова во животов“: викендов спремајте се за „Златна бубамара на популарноста“

Тимот на радиото „Бубамара“ го подготви новото вонредно 24-то пандемиско издание на омилената манифестација на многумина – „Златна бубамара на популарноста“. Слоганот за годинава е: „Ќе го преживееме и ова во животов“.

Ќе се емитува на телевизијата „Канал 5“ на 28 март, со почеток во 20 часот. Манифестацијата „Златна бубамара“ веќе неколку години е најголемиот регионален бренд.

(Галерија) „Не дишете дури ни за секс”, ни коронавирусот не ѝ може ништо на Бубамара

Според истражување на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (АВМУ), радиоот „Бубамара“ е најслушана регионална станица и во последниот квартал на 2020 година.

 

Scroll to Top