Манастирската блага пита е лесна за подготовка, брза и ефтина.
Состојки:
- 100 гр шеќер
- 6 лажици џем од кајсија
- пола шолја сечкани ораси, урми и суво грозје
- 500 мл млака вода
- сок и рендана кора од портокал
- 500 гр брашно
- 1/2 лажици прашок за пециво
- рендана кора од лимон
- 1 лажица сода бикарбона
- 1/2 лажичка цимет
- кристал шеќер и мелени ораси за декорирање
Подготовка:
Рерната се вклучува веднаш да се загрее на 180 степени. Се става брашното, прашокот за пециво и сода бикарбоната во подлабок сад, и се мешаат добро да се соединат. Потоа се додава сувото овошје, ренданата кора од лимон и портокал, џемот, циметот и кајсијата, сокот од портокал и водата, и сето тоа добро се меша.
Со хартија за печење се обложува кружен калап со пречник 28 см, се истура смесата за пита и се израмнуваа со лажица. Се пече околу 30 минути.
Изладената пита – торта се сече на парчиња, и по желба се посипува со шеќер или мелени ореви.