Манастирска блага пита

Манастирската блага пита е лесна за подготовка, брза и ефтина.

Состојки:

  • 100 гр шеќер
  • 6 лажици џем од кајсија
  • пола шолја сечкани ораси, урми и суво грозје
  • 500 мл млака вода
  • сок и рендана кора од портокал
  • 500 гр брашно
  • 1/2 лажици прашок за пециво
  • рендана кора од лимон
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1/2 лажичка цимет
  • кристал шеќер и мелени ораси за декорирање

Подготовка:
Рерната се вклучува веднаш да се загрее на 180 степени. Се става брашното, прашокот за пециво и сода бикарбоната во подлабок сад, и се мешаат добро да се соединат. Потоа се додава сувото овошје, ренданата кора од лимон и портокал, џемот, циметот и кајсијата, сокот од портокал и водата, и сето тоа добро се меша.

Со хартија за печење се обложува кружен калап со пречник 28 см, се истура смесата за пита и се израмнуваа со лажица. Се пече околу 30 минути.

Изладената пита – торта се сече на парчиња, и по желба се посипува со шеќер или мелени ореви.

Scroll to Top