Во Египет се одржа „Парада на фараоните“ со прослава по повод пренесувањето на 22. скапоцени мумии од стариот музеј во центарот на Каиро до новата зграда на Националниот музеј на египетска цивилизација, која исто така се наоѓа во главниот град.
Церемонијата е осмислена со цел да се прикаже огромното археолошко наследство и културното наследство на Египет.
Мумиите биле транспортирани во специјални климатизирани сракофаги, со камиони украсени со крилја во фараонски обележја, а египетската артилерија испукала 21. почесен плотун по повод овој настан.
Повеќето мумии се од периодот на Новото кралство од 1539. до 1075. година п.н.е., а меѓу нив се и мумиите на Рамзес Втори, еден од најпознатите египетски фараони и кралицата Хатешепсут.
Таа беше единствената жена во позиција на фараон што владееше како маж носејќи лажна брада за да не се сомнева дека со традиционалниот, партиско-архаичен Египет владее жена, објавило Министерството за антика на Египет.
THIS IS EGYPT 🇪🇬
SO PROUD TO BE AN EGYPTIAN ❤The Pharaohs Golden Parade.#موكب_المومياوات_الملكيه #ThePharaohsGoldenParade pic.twitter.com/yv5vcMVjR1
— Erieny // #1 JUSTICE STAN (@Erylieber) April 3, 2021