Минатиот месец седмооделенец ловел риба на езерото Тавакони во САД, кога успеал да фати вистинско чудовиште од риба.
12-годишниот Кејд Чилдрес и неговиот татко Шајло наскоро сфатиле дека фатиле рекордно голем сом во тој дел од Тексас.
Шајло ветил дека ќе го однесе својот син на риболов за Божиќ, но дури во март ја исполнил неговата желба и на натпреварот успеал да фати сом што е потежок од 12-годишното дете.
Имено, Кејд тежи околу 38,5 килограми, додека сомот на вагата покажал скоро 33 килограми, што е за околу 3 килограми повеќе од претходниот рекордер фатен во истото езеро во 2019 година.
View this post on Instagram