Зачука новото срце кај младо момче, успешно е извршена втората трансплантација на срце во земјава

Утрово во четири часот, беше успешно направена втората трансплантација на срце во историјата на Македонија, објави a1on.mk.  Срцето на 27 годишно момче, кое подолго време чекало донор, успешно зачука, благодарение на тимот од Клиниката за кардиохирургија.

Донорот е 20-годишна девојка, која починала во сообраќајна несреќа. Нејзиното семејство, се согласило да ги донира нејзините органи.

По многубројните напори да се најде лице кое ќе може да го прифати срцето од починатиот донор, сложената процедура беше започната и истата траеше неколку часа. Срцето кај младото момче почнало да чука пред 4 часот утринава.

Инаку, првата трансплантација на срце беше извршена во мај минатата година. Стануваше збор за почината 43- годишна пациентка, Емилија Динева, чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент на 53 годишна возраст, Иван Огненовски, кој веќе подолго време чекаше донор.

Извор/А1он.мк

Успешно направена првата трансплатацијата на срце од починат донор

Scroll to Top