Глумицата Кортни Кокс, позната и како Моника од серијата „Пријатели“, објави кратко видео на „Инстаграм“, на кое покажа дека е организирана и се снаоѓа во кујната, исто како и ликот Моника кој таа го глуми во серијата „Пријатели“.
Секоја работа во фрижидерот си има свој посебен дел, а садовите се распоредени според големината и намирниците. Инспирирана од Моника, Кортни Кокс и во реалниот живот е опседната со чистота и уредност. Таа внимава секоја работа да си е на свое место.
Нејзиниот лик е полн со енергија, а останатите ја сметаат како еден вид на мајка во групата. Практична е и подготвена секогаш да помогне и да им даде на другите корисен совет.
Кортни во видеото ги повика обожавателите да и се приклучат и да покажат зошто и тие можат да бидат одлични во кујната и да покажат дека можат да бидат како Моника во „Пријатели“.
„Кажи ми зошто си Моника, без тоа да го изговориш. Јас ќе почнам прва“, вели Кортни во видеото.
Интересно е што пред почетокот на серијата „Пријатели“, Кортни било планирано да го глуми ликот на Рејчел. Но, сепак таа улога и припадна на Џенифер Анистон.
View this post on Instagram