Мартин Белчовски, братот на 20 годишната Верица Белчовска, девојката чии органи беа донирани, вели дека тој и неговото семејство утехата ја надоа во тоа што нејзиниот живот ќе продолжи да живее преку животот на пациентите кои ќе ги примат нејзините органи.
Тој вели дека со семејството сакаат да остават пример за потребата од ваквите хумани гестови.
„Сакаме да дадеме до знаење дека органите треба да се донираат, а се одлучивме на тоа бидејки сакаме да спасиме животи. И нам доколку ни беа потребни, верувам дека ќе ни се излезеше во пресрет, затоа и ние сакавме да помогнеме, бидејки така ќе живее и нашата сестра“, изјавил Мартин.
Пациентот кој денеска го прими срцето од донорот е на возраст од 22 години и има сериозно заболување кое го оштетува срцето. Во наредните денови од починатиот донор ќе се трансплантираат и бубрезите како и коски за пациенти со тешки фрактури кои немале можност да стават протези и карциноми кои им ги оштетиле коските.
Успешно направена првата трансплатацијата на срце од починат донор