(Видео) Вселенското летало „Сојуз“ слета во Казахстан, во вселената помина 184 дена

Вселенското летало Сојуз МС-17, со членовите од екипажот на Меѓународната вселенска станица, успешно слетаа во Казахстан, објави „Роскосмос“.

Руските космонаути Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков, заедно со Американката Кетлин Рубинс, се вратија со леталото по шестмесечното дежурство на МКС, пренесува агенцијата „Риа Новости“, пишува „Танјунг“.

По нивното заминување, на Меѓународната вселенска станица останаа седум космонаути, вклучувајќи и двајца руски. Екипажот на Сојузот МС-17, полета во вселената пред 184 дена.

Космонаутите за време на експедицијата изведоа одредени задачи на Меѓународната вселенска агенција, а Рубинс двапати излегуваше во вселената.

Scroll to Top