Додека на терен се зголемуваат тензиите меѓу Русија и низа на западни земји, шефот на руската вселенска агенција најави дека ќе се почне со работа на нивна сопствена вселенска станица.
Меѓународната вселенска станица (ISS) беше лансирана во 1998 година од страна на руската и американската вселенска агенција и беше поздравена за примерна соработка во која беа вклучени бројни земји.
Сега, руските официјални лица навестија дека најверојатно ќе се повлечат од истата во 2025 година. Од руската вселенска агенција „Роскосмос“, велат дека нивниот договор со меѓународните партнери истекува во 2024 година.
„Не можеме да ги ризикуваме животите на нашите космонаути. Ситуацијата која денес е поврзана со конструкцијата и стареењето на металот, може да доведе до неповратн последици, па до катастрофа. Не смееме тоа да си го дозволиме“, изјавил заменик-премиерот Јуриј Борисов.
Тој вели дека чесно и навремено ги предупредиле нивните партнери за напуштањето на Меѓународната вселенска станица во 2025 година.
Шефот на „Роскосмос“, Дмитириј Рогозин, објави видео во апликацијата за размена на пораки „Телеграм“, објаснувајќи дека го подготвуваат првиот основен модел на новата руска орбитална станица, со цел да биде подготвена за лансирање во 2025 година.
Русија неодамна прослави јубилеј, одбележувајќи 60-годишнина од кога Јуриј Гагарин стана првиот човек кој излезе во орбитата. Русија со години имала монопол на летање во вселената со човечки екипаж, но минатата година астронаутите на НАСА беа однесени на Меѓународната вселенска агенција со капсула направена од компанијата на Илон Маск, „Спејс-икс“.
Односите меѓу Русија и САД и во неколку европски земји исто така во последно време се нарушија. Американскиот амбасдадор Џон Саливан треба да се врати дома на консултации оваа недела, откако Москва препорача дека треба привремено да си замине.
Позиционирањето на руските трупи во близина на источната грница на Украина и начинот на постапување кон главниот опозиционер на претседателот Владимир Питин, Алексеј Навални, исто така ги засилија тензиите.
Рускиот вселенски модул, кој го направи корпорацијата „Енергија“, чини најмалку пет милијарди долари, пренесува новинската агенција „Интерфакс“.
Господин Борисов за државната телевизија изјавил дека планираната руска вселенска станица ќе орбитира на поголема географска ширина и дека на тој начин ќе биде во можност да ги следи поларните региони, што би било корисно за отворање на Вселенскиот морски пат.
„Русија се надева дека ќе развие рута додека арктичкиот морски лед се топи. Русија самата може да изгради нова вселенска станица без учество на други земји, но сигурно ќе има и други партнери во овој проект“, изјавил Рогозин.
Минатиот месец беше објавено дека е потпишан договор со кинеската Национална вселенска управа за развој на лунарна истражувачка станица на површината на Месечината, но и во нејзината орбита.