Роверот на НАСА, „Истрајност“, трансформирал јаглерод-диоксид од атмосферата на Марс и ја претвори во кислород, што е прва трансформација направена на друга планета, соопштија од НАСА.„Ова е клучниот прв чекор на претворање на јаглерод-диоксид во кислород на Марс“, изјавил Џим Ројтер, еден од помошниците директори во НАСА.
Експериментот се случил на 20 април, а НАСА се надева дека наредната верзија на експериментален материјал ќе помогне еден ден и човекот да користи трансформиран кислород од Марс.Тоа ќе им помогне на астронаутите кои ќе отидат на мисија на Марс да не носат со себе големи количини кислород, за да успеат да се вратат на Земјата.
Експериментот е направен со помош на „Експериментот за искористување на ресурсите на Марс оксидиран“ (MOXIE), што е кутија со големина на батерија и се наоѓа на предниот дел од роверот.
Кутијата користи струја со хемиски процеси која ги разделува молекулите CO2, создавајќи кислород од една страна и јаглен-моноксид од друга страна.
Во првиот обид, MOXIE направи пет грама кислород, што е доволно за астронаутите да дишат десет минути во нормални активности.