(Вознемирувачко фото) Обесиле мало куче во Демир Капија и го оставиле да виси

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии кои се направени во Демир Капија, на кои се гледа обесено куче. Фотографиите кои беа споделени на „фејсбук“ страната Шенасти Ентузијасти, ги згрози голем дел луѓето.

„Ги добивме овие слики во порака од Демир Капија. Обесиле мало кутре, мало бебе, мало дете кутре. Толку невини суштества, толку чисти и полни со љубов вие сте решиле да ги убиете. Што може ова кутре да ви направи за да го заслужи ова?“, стои во дел од објавата на „Фејсбук.

Лицата кои ги споделиле фотографиите објавиле дека случајот ќе биде пријавен до надлежните и ќе се побара да се отвори истрага.

 

Scroll to Top