Временска прогноза за наредната недела, од утре големи промени

Следува период на потопло време со температури кои на крајот на следната недела ќе достигнат 29 степени.

Од УХМР информираат дека следува период на потопло време, со значително затоплување од средината на следната седмица, а во почетокот на седмицата ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.

Денес дневната температура се движеше меѓу 13 и 21 степени, во понеделник од 17 до 24, вторник од 17 до 23 степени, среда од 19 до 25, четврток од 21 до 28 и петок од 23 до 29 степени.

Утринсктите ќе бидат меѓу 1 и 10 степени утре, а од вторник од 5 до 13 степени.

Scroll to Top