Остатоци од огромна кинеска ракета деновиве ќе паѓаат на Земјата, никој не знае каде

Експерти во Кина предупредуваат дека остатоците од огромната ракета со која Кина го лансираше првиот модул во својата вселенска станица деновиве ќе паднат на Земјата. Тие предупредуваат дека засега не е позната точната локација каде што остатоците би можеле да паднат.

Кина ја лансираше ракетата „лон марч 3Б“ во Земјината атмосфера, а сега тамошните власти стравуваат од неконтролираниот влез на нејзиното јадро, кое тежи 20 тони и кое не може да се контролира. Тие велат дека нема траекторија за да падне во море на претходно одредено место.

Експертите стравувата дека остатоците од ракетата би можеле да паднат на некое населено место и да предизвикаат големи штети и несреќи.

„Не знаеме каде во кој дел од атмосферата остатоците ќе влезат. Некои од поголемите делови би можеле да го издржат согорувањето и да се случи да паднат на некое населено место. Во најлош случај би можело да изгледа како мала авионска несреќа, расфрлана на повеќе од 100 километри“, изјавил американскиот астрофизичар Џонатан Мекдонел.

Парчиња од „лонг марч 5Б“ паднаа во Брегот на Слонова Коска шест дена по првиот лет во мај минатата година, при што биле оштетени неколку селски куќи.

„Ова е голема неодговорност на Кинезите. Работи поголеми од десет тони не се оставаат намерно и неконтролирано да паднат од небото“, вели Мекдонел.

Scroll to Top