Иако беше во брак со Мелинда, милијардерот Бил Гејтс секоја година поминувал по еден долг викенд во неговата удобна колиба на плажа во Северна Каролина со неговата поранешна девојка Ен Винбалд, пренесуваат светските медиуми.
Еднаш годишно двајцата заедно се дружеле, поминувале долги прошетки на плажите, летале змејови и уживале во разни други активности. Добар дел од времето го поминувале зборувајќи за наука, читале заедно книги и гледале филмови.
Милијардерот и основач на „Мајкрософт“ се погрижил да остане во контакт со поранешната девојка, уште кога се оженил со Мелинда во 1994 година. Тој тоа го изјавил во 1997 година за магазинот „Тајм“.
„Игравме видеоигри додека разговаравме за биотехнологија“, изјавил Гејтс за своето приватно бегство со технолошкиот научник и поранешна девојка Ен Винбалд. Гејтс открил дека побарал од Ен одобрение за да ја побара Мелинда за сопруга.
„Кога размислував да се оженам со Мелинда, ја повикав Ен и ја прашав за одобрение“, изјавил Гејтс, додавајќи дека таа го поддржала во изборот.
„Му кажав дека Мелинда му одговара, затоа што имаше во неа некаква интелектуална сила“, изјавила Ен.
Гејтс во понеделникот на „Твитер“ објави дека се разведува по 27 години брак. Тој откри дека тој и Ен почнале еднаш годишно да одат на патување, уште од времето кога почнале да се забавуваат во 1984 година. Гејтс откри дека се запознале на компјутерска конференција.
Тие почнале да се заљубуваат преку виртуелни состаноци. Биле во различни градови, но во исто време оделе да го гледаат истиот филм, па потоа преку телефон разговарале за него.
Двојката продолжила да оди заедно на патувања и откако раскинале во 1987 година, кога Винблад, која е пет години постара од Гејтс, наводно била подготвена за брак.
Гејтс во неговата канцеларија има фотографија со неа од нивното патување во Германија. Меѓу фотографиите има и слика со Мелинда и другарите од патувањето во Индонезија во 1995 година.
Ен основала софтверска фирма, која потоа ја продала и се здружила со пензионираниот НБА-играч Џоно Хантер, со кого почнала заеднички бизнис. Раководела со бројни компании во Силициумската долина, а веќе 32 години работи во компанијата Hummer Winblad venture partners.