Патна аптека: лекови што мора да ги понесете на патување

„Патната аптека“ претставува збир на лекови и медицински средства кои треба постојано да ги имате  во својата патничка торба. Повеќето места во кои патувате имаат аптека, но за да избегнете непријатни ситуации – најдобро е патната аптека да биде неизоставен дел од вашиот багаж.

Tаа треба да содржи:

  • лек против дијареа и стомачни проблеми –  пробиотик за деца и возрасни;
  • за заштита од сонце и нега после сончање;
  • против алергии, изгореници, после убод од инсекти;
  • за намалување температура, топломер, за ублажување разни видови болка и против настинка (септолете, спреј за нос);
  • за нега на помали повреди на кожата (антисептичко средство, газа, фластер и завој);
  • против комарци и инсекти.

Со помош на аптекар, а во склад со своите потреби, може да направите сопствена „патна аптека“.

Не ги заборавајте здравствената книшка и здравственото осигурување.

Scroll to Top