„Земам терапија и засега се е под контрола“, вели Розга за проблемите со тироидната жлезда

Хрватската поп-sвезда Јелена Розга отворено зборува за борбата против хипертироидизам, нарушување на тироидната жлезда. Поради тоа, таа имаше проблем со кожата, често беше уморна и страдаше од несоница, а пејачката сега вели дека се чувствува добро.

„Се чувствувам одлично, ја пијам соодветната терапија во договор со лекарите и држиме сè под контрола”, изјави Розга за „Блиц“.

Таа ја коментираше и нејзинното тело и витка линија, па вели дека генетиката е причината за нејзиниот добар изглед.

„Мислам дека генетиката е најодговорна за тоа како изгледам и носам ист конфекциски број со години. Јас порано одговарав дека моето лудо темпо на живот е одговорно за тоа, но веќе го нема веќе една година и мислам дека сум едноставно таква. Гледам што јадам, но не поради мојата тежина, туку поради моето здравје. Не претерувам во ништо и тоа е сè“, истакна пејачката.

Scroll to Top