Фотографија од црквата Св. Јован Канео, едно од најрепрезентативните обележја на Охрид, победи на конкурсот на неделното издание на лондонскиот весник „Тајмс“ на тема патувања. Фотографијата е на Стив и Џин Куртек, а е испратена до весникот на отворениот конкурс за најдобра фотографија, за потребите на специјалното издание за патувања Treilfinders.
Победниците на серијата неделни фотографии влегуваат во трката за финалната награда што ќе биде прогласена дополнително.
Фотографии од Охрид и Охридското Езеро често се објавувани во најпознатите светски весници и престижни специјализирани списанија за патување.