Доколку не ви се допаѓа изгледот на вашата дневна соба и сакате некако да ја измените, а не знаете како – имаме неколку практични совети за вас. Поиграјте си со деталите. Можеби нема сите решенија да се вклопат со вашиот домашен амбиент, но барем едно од нив може да ви помогне.
1. Тепихот ја менува перцепцијата на просторот
Теписите, односно малите килими во домот, навистина ја менуваат перцепцијата на просторот. Доколку сакате вашиот дом да добие нов изглед – задолжително поставете голем тепих во дневната соба. На тој начин ќе внесете топлина. Поиграјте си со боите. Доколку вашиот простор е монохромски, немојте да се плашите да ставите тепих сосилни бои. Ќе привлече внимание и ќе ја разбие монотонијата на вашата дневна соба.
2. Новата масичка ќе внесе нова енергија
Многу едноставен совет – пронајдете нова масичка за дневната соба. Ова е еден од централните елементи, освен гарнитурата и телевизорот, па разликата веднаш ќе се забележи. Доколку сте имале кружна, сега можете да земете четвртеста или маса во облик на правоаголник, секако доколку тоа просторот го дозволува. Вака ќе го освежите својот простор за час.
3. Со огледало визуелно ќе го зголемите просторот
Огледалата создаваат чувство на рефлексија, па така визуелно го зголемуваат просторот. Идеална е за ходници, но можете да ги сместите и во вистинскиот агол на дневната соба и ќе добиете навистина магичен простор. Затоа што огледалата навистина прават магија. За љубителите на минималистичкиот стил соврешен избор се огледалата без рамки, односно рабови, додека на сите оние љубители на детали и рачна изработка совршено ќе им одговара огледало со интересна рамка.
4. Декоративните перници носат промени
Најевтината, а една од најефективните промени е промената на перниците за гарнитурата. Перниците се секогаш совршена декорација и можат да се менуваат и до неколку пати годишно, во однос на годишното време. Во зима идеални се меките и бушави перници со придушени бои, додека во лето можете да си поиграте со пастелни, но и силни нијанси. Вклопете ги перниците со бојата на детали кои веќе ги имате во дневната соба и ќе добиете совршена хармонија на бои и енергија.
5. Голем часовник на ѕид за рустичен стил
Доколку имате ѕид кој е празен и кој би требало да го разубавите, а не знаете како – часовник, освен некои убави слики, е идеално решение. И не, не мислевме на класичен часовник со помали димензии, туку на часовник со голем пречник, така што ќе покрие поголема површина од ѕидот.
6. Табуретките ќе ја разбијат монотонијата
Табуретките веројатно се најпрактичната работа која што можете да ја внесете во дневната соба. Освен тоа што ќе имате повеќе место за седење кога ќе ви дојдат гости, ќе имате и совршено место за складирање непотребни работи, доколку се одлучите за табуретка на отворање. Детски играчки, документи, сметки – сето тоа можете да го ставите внатре во табуретката и да уживате во средениот простор. Доколку сакате да ја разбиете монотонијата на боите, определете се за некоја силна боја која ќе го освежи просторот.
7. Цвеќето внесува живот во домот
Најлесно ќе внесете радост и енергија во вашиот дом доколку внесете цвеќе во него. Без разлика дали е собно или сечено, ќе го разубави просторот и ќе внесе нова енергија. Купете некоја убава вазна или саксија и поставете го цвеќето на некое видно место во дневната соба. Доколку се работи за букет, нека биде на кафе-масичката, како највеќе би дошол до израз, а ако е во прашање саксиско цвеќе – пронајдете му светло место на некоеја од поличките или комодите.
Значи, поиграјте си со деталите, но пред сè – утврдете го буџетот за промени. По тоа можете да смислувате кој елемент би сакале да го смените и на кој начин тоа можете да го изведете. Излезете од калапот и уживајте во својата нова дневна соба со само неколку измени.