Во сообраќајна несреќа загина глумецот Кевин Кларк

Триесет и две годишниот глумец Кевин Кларк, загина во сообраќајна несреќа, пишуваат медиумите. Несреќата се случила во средата утрото, во Чикаго, додека тој се возел на својот велосипед, кога на него налетал автомобил.

Според наводите на полицијата, возилото го управувала дваесетгодишна девојка. Таа не била уапсена, но, ќе мора да се појави пред судот и да одговара за стореното, пишуваат медиумите.

Извештајот на медицинскиот персонал во округот Кук, вели дека Кларк бил веднаш префрлен во болница, каде бил прогласен за мртов. Неговата сестра изјавила дека тој за време на несреќата се враќал дома.

Кларк е познат по улогата на Фреди Џонс во филмот „Школа за рок“ од 2003 година, со Џек Блек во главната улога. Екипата од тој филм повторно се собра во 2018 година. Кларк во еден момент ја остави глумата и почна да свири на тапани и да се занимава со професионално со музика.

 

 

 

Scroll to Top