„Плати нѐ и престани да нѐ третираш како робови“, вработените во „Амазон“ гневни на газдата Џеф Безос

Вработените во компанијата на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, „Амазон“, тврдат дека не се доволно платени и дека се третирани како робови. Тие велат дека од нивната макотрпна работа, профитира само компанијата и нејзиниот газда.

Им се прекршуваат работничките права на секој чекор.

Најмоќната корпорација на светот, е еден вид на леден брег. Корисниците и купците го гледаат само врвот, стриминг сервисот, продавниците и пакетите. Нарушена е нивната безбедност, достоинство и приватност.

Велат дека Безос ги цеди до последната капка и дека е помината секоја линија на толеранција. Со поддршка на сојузниците, од Шпанија до Сао Паоло, од Делхи до Берлин, тие успеаа да органираат штрајкови и протести под името „Да го натераме „Амазон“ да плати“.

Протестите се организирани со помош на синдикатите, работничките унии, групите за заштита на човековите права и се организираат во 12 земји. Благодарение на медиуите и извештаите за скандалозните нехумани услови за работа, фокусот на јавноста сега е насочен кон работниците кои пакуваат и ги складираат пакетите, велат работниците. Поддршката за „Амазон“ опаѓа.

Во Америка, само 24% од испитаниците одговориле на анкетите дека компанијата кон нив се однесува коректно. Во Алабама се обвинуваат синдикалните работници дека не дозволуваат слободни и фер избори и дека се кршат федералните закони.

Дури 80% од испитаниците на ова место ги поддржаа работниците во нивната борба. Штрајкови организираа и доставувачите во Индија. Тие протестираа во повеќе градови, вклучувајќи го и Делхи. Бараат подобри плати и бенефиции.

Во Италија се организирале на национално ниво. Дури 75% од работниците прекинале да работат. Од вработените во магацините, до доставувачите. Неодамна се појавија обвинувања дека на работниците не им било дозволено да користат пауза за тоалет, па морале да уринираат во шишиња. Ваквите извештаи и снимки, станале вирални низ социјалните мрежи.

Во кинеските фабрики, каде се произведува Eho ili Aleksa, работниците често работат по бесконечни ноќни смени, а за тоа не се ни платени. Минатата година поради непостоењето на здравствени и безбедносни мерки, фабриката на „Амазон“ во Гватемала, станала легло на зараза со корона, загрозувајќи ги животите на стотина работници.

Претставниците на неколку работнички синдикати, велат дека компанијата е одговорна за она што се случува во нивните производствени погони. Покрај работниците во магацините и во секторот за достава, сега се бунтуваат и работниците во фабриките.

Текстилните работници кои биле во синдикатот, а кои во октомври останале без работа, сега бараат нивните фабрики повторно да бидат отворени. Работниците од партнерот на „Амазон“, „Хулу“, бараат од компанијата на Безос да им се исплатат сите пари кои им се должат.

Извор/Курир.рс

Scroll to Top