Бонбоните ќе дадат совршена текстура и секако вкус!
Потребни состојки:
Кора:
- 250 г мелен кекс
- 100 г мелени печени лешници
- 2 лажици шеќер во прав
- 125 г путер
- 150 мл млеко
Фил:
- 500 г маскрапоне сирење (може и друго несолено крем-сирење)
- 50 г шеќер во прав
- 1 лажица арома од ванила
- 250 мл слатка павлака
- 2 кесички кремфикс
Карамел-прелив:
- 200 г карамела лешник бонбони
- 50 мл слатка павлака
- парчиња лешник за декорација
Подготовка:
- За кората измешајте ги сите состојки, притиснете ги во калап со пречник 20-24 см и ставете го фрижидер.
- За филот со мискер кусо изматете ги маскрапоне сирењето, шеќерот во прав и ванилата.
- Во друг сад изматете слатка павлака со кремфикс за да биде приближно половично изматено, па тоа додадете го кај маскрапонето и на крајот сè заедно убаво измешајте. Филот истурете го врз кората, потоа вратете ја во фрижидер и преминете на преливот. Тортата вака треба да се лади најмалку 3 часа, но најдобро е да ја оставите преку ноќ.
- За прелив истопете карамела бонбони, можете и во микробранова, а можете и на шпорет. Кога карамелите целосно ќе се стопат, додадете слатка павлака, оставете да се грее уште неколку секунди, а за тоа време мешајте додека смесата не се соедини. Тој прелив сега мора во потполност да се излади на собна температура (исто и тој е најдобро да се лади преку ноќ), а дури потоа можете да го истурите врз целата кората или врз поединечни парчиња каде што карамелата ќе остане течна, а тортата прекрасна и превкусна, така што на крајот убаво извадете ја тортата од калапот, можете да ја исечете на парчиња доколку сакате и само да ја прелиете и да ја украсите.