Чизкејк со карамела лешник бонбони

Бонбоните ќе дадат совршена текстура и секако вкус!

Потребни состојки:

Кора:

  • 250 г мелен кекс
  • 100 г мелени печени лешници
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 125 г путер
  • 150 мл млеко

Фил:

  • 500 г маскрапоне сирење (може и друго несолено крем-сирење)
  • 50 г шеќер во прав
  • 1 лажица арома од ванила
  • 250 мл слатка павлака
  • 2 кесички кремфикс

Карамел-прелив:

  • 200 г карамела лешник бонбони
  • 50 мл слатка павлака
  • парчиња лешник за декорација

Подготовка:

  1. За кората измешајте ги сите состојки, притиснете ги во калап со пречник 20-24 см и ставете го фрижидер.
  2. За филот со мискер кусо изматете ги маскрапоне сирењето, шеќерот во прав и ванилата.
  3. Во друг сад изматете слатка павлака со кремфикс за да биде приближно половично изматено, па тоа додадете го кај маскрапонето и на крајот сè заедно убаво измешајте. Филот истурете го врз кората, потоа вратете ја во фрижидер и преминете на преливот. Тортата вака треба да се лади најмалку 3 часа, но најдобро е да ја оставите преку ноќ.
  4. За прелив истопете карамела бонбони, можете и во микробранова, а можете и на шпорет. Кога карамелите целосно ќе се стопат, додадете слатка павлака, оставете да се грее уште неколку секунди, а за тоа време мешајте додека смесата не се соедини. Тој прелив сега мора во потполност да се излади на собна температура (исто и тој е најдобро да се лади преку ноќ), а дури потоа можете да го истурите врз целата кората или врз поединечни парчиња каде што карамелата ќе остане течна, а тортата прекрасна и превкусна, така што на крајот убаво извадете ја тортата од калапот, можете да ја исечете на парчиња доколку сакате и само да ја прелиете и да ја украсите.
Scroll to Top