Освежителен ѓумбиров сируп

Користете го овој сируп за да ги зачините лимонадата и чајот или како додаток кој ќе им даде убава арома на вашите домашни колачи, на сладоледот или овошната салата.

Состојки:

1 шолја исечкан свеж ѓумбир

1 шолја шеќер

кора од еден лимон

1 шолја вода

1 шолја свеж сок од лимон

Приготвување:

Во тенџере измешајте ги шеќерот, ѓумбирот, кората од лимон и чаша вода. Оставете да зоврие, мешајќи повремено, и варете додека шеќерот не се стопи – неколку минути. Додадете го сокот од лимон и варете околу една минута. Тргнете го од рингла. Исцедете го сирупот па префрлете го во стаклено шише. Сирупот во шишето може да стои во фрижидер до 3 недели.

За да направите газиран пијалак, ставете од сирупот до половина чаша, а остатокот дополнете го со газирана вода.

Scroll to Top