Користете го овој сируп за да ги зачините лимонадата и чајот или како додаток кој ќе им даде убава арома на вашите домашни колачи, на сладоледот или овошната салата.
Состојки:
1 шолја исечкан свеж ѓумбир
1 шолја шеќер
кора од еден лимон
1 шолја вода
1 шолја свеж сок од лимон
Приготвување:
Во тенџере измешајте ги шеќерот, ѓумбирот, кората од лимон и чаша вода. Оставете да зоврие, мешајќи повремено, и варете додека шеќерот не се стопи – неколку минути. Додадете го сокот од лимон и варете околу една минута. Тргнете го од рингла. Исцедете го сирупот па префрлете го во стаклено шише. Сирупот во шишето може да стои во фрижидер до 3 недели.
За да направите газиран пијалак, ставете од сирупот до половина чаша, а остатокот дополнете го со газирана вода.