Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, неодамна го прослави својот 75. роденден, но, како што пренесува „Дејли стар“, се чини дека на забавата ја немало Меланија.
Сникмите од роденденот ги објави син му, Доналд Трамп Јуниор, а на на нив ја нема Меланија. Некои од медиумите пренесоа дека Меланија претходно објави роденденска честитка за родеденот на нивниот син Барон, но тоа не го направила за роденденот на сопругот.
„Секогаш е убаво кога семејството и пријателите, како и неколку членови од Конгресот, ќе ви пеат ‘среќен роденден’. И колку 45 да не сака родендени, убаво беше да си таму“, напиша Доналд Трамп Јуниор потсетувајќи дека татко му бил 45. претседател на САД.
View this post on Instagram
VIDEO: Donald J Trump celebrating his 75th birthday with family and friends. pic.twitter.com/dda6QsLIO9
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) June 15, 2021