Српската пејачка Тања Савиќ, по една година повторно е заедно со нејзините два сина Максим и Ѓорѓе. Таа откако го доби старателството над нив, напиша дека правдата е задоволена и објави заедничка фотографија. Децата пред една година и ги зема нејзиниот сопруг Душан Стеванчевиќ.
Тој ги однесе во Австралија без нејзина согласност и повеќе од една година не и дозволи да ги види. За целиот тој период, пејачката се обидуваше да дојде до нив, а ангажираше и адвокат и случајот го однесе на суд. Поголемиот дел од времето не можеше да патува поради пандемијата.
„Еве не среќни и насмеани. Конечно заедно. Белграде стигнуваме за точно 36 часа. Ве сакаме сите и ви испраќаме љубов“, напиша таа под фотографијата.
„Прво бев шокирана. Не можев да поверувам. Мислев дека повторно ќе има некакво одложување, нешто на кое навикнав. Одлуката да ми се вратат децата била донесена на 11. март, но, досега немавме документи кои тоа го потврдуваат. Конечно ги добивме“, рече Тања.