Шкотските навивачи си го исчистија ѓубрето кое го направија во Лондон

Голем број од шкотските навивачи се вклучија во акцијата на расчистување на ѓубрето на плоштадот Лестер во Лондон, кое го направија за време на натпреварот меѓу Шкотска и Англија.

Илјадници шкотски навивачи допатуваа во Лондон да ја поддржат својата репрезентација и покрај ковид рестрикциите. Многумина од нив го следеа натпреварот во пабови, а претходно и потоа се забавуваа на улиците и плоштадите. На плоштадот Лестер се собра поголема група шкотски навивачи кои запалија факели и пееја „без Шкотска нема забава“.

Овој натпревар заврши без голови, па Шкоткска има уште шанси за понатамошен пласман во осминафиналето.

 

Scroll to Top