Што говорат неговите бакнежи

Долг бакнеж

Доколку при разделба ви дава уште еден долг бакнеж, вистинска среќница сте. Мажот со ваква навика е неверојатно страствен и еротичен. За да би се увериле ако вашата врска не е само од телесен карактер, поделете со него повеќе животни работи – без разлика дали станува збор за проблеми со пријателите или некоја неугодна ситуација – и ќе видите дали ќе се отвори или ќе се расправа со вас околу тоа.

Бакнеж при стискање на телата

Дечкото кој со вас често се поздравува со голема мечкина прегратка, се чувствува угодно кога ви ја покажува својата љубов. Сигурен е во вашата врска и веројатно гледа заедничка иднина. Потполниот стисок на телата е потсвесен начин со кој ви говори колку е верен на вашата врска. И уште еден бонус кај овие фраери е тоа што често говорат за своите чувства.

Пропратен бакнеж и прегратка

Некои мажи при разделбата даваат краток бакнеж и слаба прегратка со една рака. Како да не се трудат. Зошто е тоа така? Можеби затоа што е во брзање или едноставно доцни на работа. Доколку вашиот дечко има ваква рутина на секоја разделба од пшочетокот на вашата врска, знаќи дека се чува и не ги покажува лесно своите емоции. Внимание! Доколку почнал со вас со вакви пропратни бакнежи и прегратки на разделба тек неодамна, можеби размислува за иднината на вашата врска.

Сладок бакнеж во образ

Во девет од десет случаи вашиот сакан нежно ве бакнува во образ. Тоа значи дека е чувствителен тип. Тоа е татковски гест кој покажува дека сака да се грижи за вас. Но, секако, не сакате работите помеѓу вас да се одвиваат во насока на братско-сестрински однос. За да го спречите тоа, најдобро е од време на време да иницирате посочни поздрави.

Scroll to Top