„Телевишн академи“, организаторот на доделувањето на Еми наградите, носи мала, но значајна промена во начинот на кои ќе се третираат родно небинарните изведувачи.
Имено, номинираните и/или победниците во било која категорија изведувачи можат да побараат потврдата за номинација и статуата на Еми наградата да носи родно неутрален израз „изведувач“, наместо досегашните категории „актер“ или „актерка“.
Организацијата и понатаму во своите категории ќе ги користи досегашните називи: актер, актерка, спореден актер и споредна актерка, но од сега па натаму ќе му се дозволува на секој поединец сам да одлучи како ќе се идентификува, т.е. како сака да биде претставен, вклучувајќи и родно неутрален израз – „preformer“ (изведувач).
Одлуката на организацијата стигна откако ѕвездата на ТВ серијата „Милијарди“, Ејжа Кејт Дилон, јавно го прозва организаторот на наградите како категориите, според нејзино мислење, погрешно се одредени спрема полот на изведувачот.
Досегашните доделувања на Еми се, тврди Дилон, ги исклучуваат оние кои се, како на пример таа, идентификувале како небинарни личности во 2017 на доделувањето на наградите. Врз основа на ова, таа бараше да се префрли од категоријата „актерка“ во категоријата „спореден актер“.
Минатата година, Дилон во отворено писмо од организаторот на наградите SAG, исто така, побара да се откажат од родно детерминантите глумечки категории.
Наградите „МТВ Филмски и ТВ награди“ и „ Асоцијацијата на телевизиските критичари“ веќе имаат категории и номинации кои не се родно одредени.