Кинеската национална вселенска агенција (CNSA) објави видео што го направи роверот Џуронг од површината на Марс. Снимките се направени со безжична камера, која роботот ја постави на земјата. Роботот на шест тркала го истражува регионот познат како Утопиа Планитиа.
Во кинеските медими се прикажани и детали од слетувањето на роверот во мај со падобран. Телевизијата CNSA пренесе дека роверот возел 236 метри за време од 42 сола. Сол претставува еден ден на Марс. Денот е нешто подолг од оној на Земјата и изнесува 24:39:35 часа.
China releases videos of its rover Zhurong of the Tianwen-1 mission on Mars pic.twitter.com/pnVizbSv4n
— Reuters (@Reuters) June 27, 2021