Нова апликација им кажува на пешаците во Барселона каде има најмногу сенки

Нова апликација ги насочува жителите на Барселона да одат по патеката по која има најмногу сенки и така ќе ја избегнат градската жештина. Станува збор за Cool Walks алатката, која е наменета за пешаци. Таа на корисниците им покажува опции за движење од почетната до предвидената дестинација, па така тие можат да бираат маршута. Од најдиректната маршрута до онаа со најмногу сенки. Преку апликацијата можат да се лоцираат и фонтани за пиење вода, како и места за засолнување од сонцето.

Апликацијата ја користи алатката наречена лидар, која создава модели на елевација на теренот во висока резолуција, прецизна до 10 сантиметри.

На овој начин Барселона се обидува да ги ублажи последиците на глобалното затоплување преку зелени површини и дрвја. Во нивниот дваесетгодишен план предвидено е зголемување на земјиштето покриено со дрвја од 25 на 30 проценти.

(Гардијан) 

Scroll to Top