Топ дестинации во Босна за летување

Фантастичните водопади достојни на амазонските прашуми, острови во облик на срце, диви коњи кои каскаат по полињата – се само дел од атрактивните туристички понуди на Босна и Херцеговина. За време на пандимијава е одлично место за летување бидејќи можете да ја посетите без тест и без карантин, што ја прави уште попримамлива.

Водопадот Кравица

Реката Требижат створила вистинско мало чудо на природната и важи за едно од најубавите места во БИХ – висината на водопадот на Кравица оди и до 28 метри, а ширината е речиси 150, а атрактивната сцена ја надополнува тиркизната боја на водата и зеленилото во околина.

Национален парк Сутјеска

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rob T Hart (@robthartfot)

Паркот опфаќа широко планинско подрачје во кое се наоѓа и највисокиот врв на Босна и Херцеговина – Маглиќ со висина од 2386 метри.

Природниот резерват Перуќица е најсочувана и најголема прашува во Европа, на Зеленгора се наоѓаат осум глечерски езера – „горски очи“, а тука се и прекрасните кањони на Сутјеска, Хрчавка, Јабучница.

Ливно

Ливно е познат по дивите коњи, кои според проценките од 2018 има повеќе од 800.

Покрај Монголија и Исланд, Ливно е единствено место на светот каде има толкав број коњи кои можат да се видат во потполно недопредна природа, а тамошните туристички агенции можат да ви помогнат да ги пронајдете.

Штрбачки бук

Штрбачки Бук е најмоќниот и најубавиот водопад во Националниот парк Уна, настанат поради тектонски поместувања.

За љубителите на адреналин се организираат рафтинзи, а љубителите на природата можат да сметаат на единствена авантура низ зелената фантазија во паркот.

Прокошко езеро

Сместено на планината Враница на 1636 метри надморска висина, Прокошкото езеро е чудесна оаза на мирот, за која времето не постои. Покрај самото езеро се наоѓаат и автентични колиби, во кои може да уживате во домашни специјалитети.

Јањски острови

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @bosnaaaa_i.hercegovina

Јањските остови се најпознато и најатрактивно туристичко место за излет во Шипово, кои потсетуваат на мистериозни, ренесансни паркови со бујно зеленило, каскади, потоци, мостчиња и водопади.

Жуборот на реката Јањ, црцорењето на птиците и пејзажите за момент ќе ве префрлат во друга димензија.

Јахорина

Можеби Јахорина е најпопуларна во зима, но тоа не значи дека и налето нема што да понуди – густите шуми и разноврсната флора и фауна, неверојатната тишина, прекрасниот поглед, врелото и потоците, како и чистиот планински воздух гарантираат потполн одмор во природа.

Јајце

За Јајце велат дека е музеј под отворено небо. Сместен е во сливот на реките Плива и Врбас, а главна атракција е водопадот, кој е единствен на светот кој се наоѓа во центарот на градот.

На брдото над град се наоѓа кралскиот град, со кули и бастиони.

Јаподски острови

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Japodski otoci (@japodskiotoci)

Јаподските острови се наоѓаат на неколку километри оддалеченост од градот Бихаќ, на пет речни островчиња на реката Уна поврзани со мостчиња. Гледано од воздух обликуваат огромно тиркизно срце, кое секако допринесува атрактивност.

На Јаподските острови може да се изнајмат куќички на дрво, и во потполност да се споите со природата.

Scroll to Top