Управата на Париз донесе одлука да отстрани 140.000 паркинг места и на тој простор да засади дрвја.
Отпрвин беше планирано да се отстранат 70.000 паркинг места, со цел да се ослободи простор, особено во тесните и станбени улици. А со тоа и зголемување на користењето еколошки прифатлив превоз.
„Мора да садиме зеленило за да се прилагодиме на забрзаните климатски промени. Сакаме воздухот да биде почист, но и да им овозможиме на нашите сограѓани убав јавен простор, бидејќи многумина живеат во мали станови“, неодамна изјави заменк градоначалникот на Париз, Дејвид Белиард.
Според новиот план, „Елисејските полиња“ ќе станат урбана градина. Сите места кои претходно беа предвидени за автомобили, ќе станат зелени површини, додека граѓаните ќе можат активно да се вклучат во давањето предлози за тоа како сакаат да изгледа овој простор.
Париз интензивно работи на создавање „позелен“ град. Пандемијата на коронавирусот ги покажа сите придобивки од намалувањето на загадувањето по животната средина и јавното здравје. На некој начин, тоа придонесе за забрзување на активностите во реализацијата на „зелените планови“.