Елон Маск ќе вложи 30 милијарди долари во сателитскиот проект Starlink

Милијардерот Eлон Маск изјави дека планира да вложи околу 30 милијарди долари за развој на неговиот амбициозен сателитски проект Starlink. Целта е распоредување илјадници сателити во т.н. ниска орбита, заради брз интернет во слабо развиени области.

Досега компанијата распореди повеќе од 1.500 сателити и до август ќе има интернет-покриеност на кое било место во светот, освен на Северниот и Јужниот Пол, како што рече Маск во видеоврска на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона.

„Со текот на времето, инвестицијата ќе достигне 20 или 30 милијарди долари, што е генерално многу. Starlink во мигов работи во десетина земји, кои сè уште се приклучуваат, а има и нешто повеќе од 69.000 активни корисници. На добар пат сме, мислам дека ќе имаме неколку стотици илјади корисници – веројатно над 500.000 корисници, следниве 12 месеци“, додаде тој.

Starlink е во процес на развој преку две партнерства со „големите телекомуникациски компании“ за развој на сателитски интернет-сервис, како што вели Маск, но не даде повеќе информации во врска со ова.

Scroll to Top