Милијардерот Ричард Бренсон сака пред Безос да полета во вселената, соопштија од неговата компанија. Тој планира да го победи својот колега во трката за освојување на вселената. Бренсон планира да стигне до самиот раб на вселената на 11 јули, девет дена пред Безос.
Летот со VAA Juniti, на кој ќе биде Безос и уште шест вработени, ќе го означи пресвртот во новата ера со приватните комерцијални вселенски патувања, пишува „Ројтерс“.
Бренсон ќе полета од Њу Мексико, откако американската федерална авиоадминистрација ѝ даде на компанијата „Вирџинија“ дозвола за превоз на клиенти во вселената.
Безос за 20 јуни го закажа првиот лет во вселената со ракетата Њу Шепард. Тој во вселената ќе замине со неговиот брат Марк, пилотот Воли Фанк и уште едно лице кое за местото платило 28 милиони долари, но чиј идентитет засега не е познат.