Министерството за образование на Велика Британија побара да се донесе закон со кој ќе се забрани употребата на мобилни телефони во училниците во училиштата во целата земја.
Министерот Вилијамсон вели дека користењето мобилни телефони на час ја влошува дисциплината на учениците. Тој верува дека без мобилните, учениците ќе го подобрат фокусот и ефикасноста на наставата, но и дисциплината на децата.
Барањето на министерството предизвика остра критика од директорите и професорите на училиштата. Тие веруваат секое училиште треба да одлучи за себе како да воведува дисциплина и дека оваа забрана може да предизвика повеќе проблеми отколку што ќе ги реши.