Фудбалерот на клубот, Минесота Јунајтед, Хасани Дотсон, ја побарал за жена својата девојка Петра Вучковиќ за време на натпреварот со Сан Хозе во американската лига. Тој ги изненади сите на стадионот, а Петра, која има хрватско потекло, се согласила, а потоа и го објавила видеото.
Тие се заедно веќе подолго време. Петра е познат страстен фан на фудбалот, а таа ја бодреше репрезентацијата на Хрватска и за време на Европското првенство. Има објавено фотографии со дресот на „коцкестите“, а поддршка им даде и за време на мундијалот во Русија.