Мексиканската влада ја нуди куќата на наркобосот Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, за награда на лото. Од оваа куќа тој побегна во 2014 година, а подоцна беше осуден во САД на доживотен затвор. Таа куќа се наоѓа во Кулијакан, главниот град на државата Синалоа, на североистокот од Мексико.
Таа е проценета на 3,6 милиони пезоси, односно околу 184.000 долари, е наведено на интернет-страницата на Националната лотарија. Тоа е дел од понудата на наградата со вкупна вредност од 12,5 милиони долари, што владата ја намени за коло-лотаријата на 15 септември.
Ел Чапо на 16 февруари 2014 година побегна од оваа куќа преку подземен тунел. Тој беше уапсен шест години подоцна во државата Синалоа и беше испратен во затвор од кој исто така побегна. Во 2016 година повторно беше уапсен и следната година беше испорачан во САД.
Во јули 2019 година, во Њујорк, Ел Чапо беше осуден на доживотен затвор. Казната ја издржува во еден затвор со висока безбедност во Колорадо. Со години тој се сметаше за најмоќниот трговец со дрога во светот.
Владата на левичарскиот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, претходно безуспешно се обиде да ги продаде неговата куќа и другиот запленет имот до кој дошол организираниот криминал.
Лопез Обрадор тогаш изјави дека има намера парите од продажбата да ги потроши на образованието и здравството. Владата нуди и куќа во квартот Педрегал, на југот на Мексико Сити, чија сопственост е на Амада Карилја, покојниот шеф на картелот Хуарес.