Светскиот готвач Гордон Ремзи им ја платил целата свадба кога младенците му се пожалиле дека им ја уништил

Славниот готвач Гордон Ремзи им ги платил трошоците за целата свадба намладенците кога тие му се пожалиле дека им ја уништил додека го снимал своето ново шоу.

Ремзи за време на венчавката го снимал шоуто Future Foods. Младенците велат дека за нив тоа било ноќна мора и дека во шоуто се чувствувале како статисти. Ремзи им ги уништил и фотографиите од плажата, каде што тие ја правеле венчавката.

„Двајцата работевме напорно за да заштедиме за тој ден. На крајот се чувствувавме како статисти во шоуто“, изјавиле тие за британските медиуми.

За храната за гостите тие потрошиле 1.300 фунти, а подоцна добиле извинување од тимот на Рамзи и паричен надомест.

„Жал ми е што ви го уништив овој посебен ден. Не беше намерно. Се надеваме дека ќе се искупиме за сето ова“, напишал Рамзи во соопштението.

 

Scroll to Top