Регионот остана без својот најубав љубовен пар, а штркот Клептан остана без својата сакана. Угина штркот Малена, а веста ја потврди Стјепан Вокиќ (76) од Бродски Варош, кој со години се грижеше за неа.
„Да, почина. Минатиот месец паднала додека се симнувала од гнездото. Беше кај мене дома десеттина дена и потоа почина. Клептан е тука, но оваа пролет немаа младенчиња. Остануваме Клепо и јас. Ќе бидам тука и понатаму за него. Малена ја закопав на посебно место“, вели тој.
За потсетување, штрковите Малена и Клептан се дел од љубовната приказната која одамна е позната како на целиот Балкан така и во светот. Нивните фанови ја следеа приказната од година на година.
На 5 април околу шест часот утрото Клептан ѝ се врати на Малена 19. пат.