КУД „Илинден“ од Битола заигра на најдолгото оро на светот

Културно-уметничкото друштво „Илинден“ беше дел од најдолгото оро што некогаш се заиграло  досега во светот. Тие беа учесници на фолклоријадата во Уфа, Русија. На орото имаше 2.700 учесници од 37 држави и припадници на 71 националност, велат од КУД „Илинден“, кои беа  единствен претставник на Македонија на шестата фолклоријада во Русија.

Со ова беа урнати два Гинисови рекорда. Првин рекордот во бројот на националности што играа на орото, како и бројката на земји што учествуваа. Овој пат бројот на земји се искачи на 57 откако се приклучија и туристи од други држави, кои го следеа фестивалот.

 

 

 

Scroll to Top