Холивудскиот актер Мел Гибсон му упати војнички поздрав на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на мечот меѓу Дастин Поаје и Конор Мекрегор.
Двајцата биле видени меѓу познатите личнисти на УФЦ-264 натпреварот во боречки вештини. Меѓу нив биле видени и други познати светски џет сет ѕвезди, како канадскиот пејач Џастин Бибер, актерката Меган Фокс и сценскиот комичар Дејв Чапел.
Додека минуваше Трамп низ толпата во арената, тој беше пречекан со скандирања, но и извици на негодувања. За потсетување, Поаје победи на крајот од првата рунда, откако Мекгрегор си ја повреди ногата.
Yup it’s Mel Gibson pic.twitter.com/0ELAtdiSbq
— Jack Posobiec 🇺🇸 (@JackPosobiec) July 12, 2021