(Видео) Мел Гибсон војнички го поздрави Доналд Трамп за време на борбата меѓу Поаје и Мекрегор

Холивудскиот актер Мел Гибсон му упати војнички поздрав на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на мечот меѓу Дастин Поаје и Конор Мекрегор.

Двајцата биле видени меѓу познатите личнисти на УФЦ-264 натпреварот во боречки вештини. Меѓу нив биле видени и други познати светски џет сет ѕвезди, како канадскиот пејач Џастин Бибер, актерката Меган Фокс и сценскиот комичар Дејв Чапел.

Додека минуваше Трамп низ толпата во арената, тој беше пречекан со скандирања, но и извици на негодувања. За потсетување, Поаје победи на крајот од првата рунда, откако Мекгрегор си ја повреди ногата.

Scroll to Top