(Фото) Новинарката Дилета во страст со турскиот актер Џан Јаман: Жешки сцени на јахта во Бодрум

За љубовната врската помеѓу актерот Џан Јаман и новинарката Дилета Леота на големо се пишува. Познатата италијанска спортска новинарка Дилета Леота (29) ужива на одмор на јахта со познатиот турски актер. Тие се сликани на луксузна јахта во Бодрум, Турција.

 

За потсетување, Џан ја објави првата заедничка фотографија со Дилета на почетокот на февруари годинава, со што ги потврди шпекулациите за нивната романса.

Според италијанските медиуми, турскиот миленик на жените дојде зимата во Италија заради снимање на реклама за тестенини и серијата „Сандокан“. Повеќето луѓе беа убедени дека односот помеѓу актерот и новинарката е само маркетиншки трик, но се чини дека не е така.

За потсетување, лани летото атрактивната новинарка ја поврзуваа со еден од најпопуларните фудбалери во светот, Златан Ибрахимовиќ (39). Таа претходно раскина со боксерот Даниеле Торето Скардино (29). Дилета е една од омилените новинарки во Италија со години, но и во странство. Покрај тоа, таа беше прогласена за една од најубавите жени во Италија.

Scroll to Top