Скопје ЗОО наскоро ќе добие 7Д кино, најави директорот на зоолошката, Ѓорѓи Галетановски. Тој вели дека станува збор за најнова технологија за проектирање филмови во 3Д во комбинација со дополнителни ефекти кои на гледачот му дозволува да „влезе” во филмот.
„Ќе почувствувате мирис, ветер, капки дожд и снегулки, меурчиња, а седиштата ќе се движат соодветно со движењата во филмот“, вели Галетановски.
Галетановски вели и дека киното ќе биде изградено со помош на спонзори, а не на товар на Град Скопје.
„Решивме во скопската зоолошка да имаме ваква атракција, бидејќи секаде во светот зоолошките се модернизираат и дигитализираат. Ова ќе биде вистинска забава и дополнителна едукација со 7Д ефекти, бидејќи ќе се проектираат филмови со содржина за животинскиот свет или од дино периодот“, додава Галетановски.